МИЦКОСКИ ПРИЈАВИЛ ВО АНКЕТНИОТ ЛИСТ ДЕКА ВО 2015 И 2016 СЕ СТЕКНАЛ СО ЧАСОВНИЦИ ВРЕДНИ 52.000 ЕВРА

    МИЦКОСКИ ПРИЈАВИЛ ВО АНКЕТНИОТ ЛИСТ ДЕКА ВО 2015 И 2016 СЕ СТЕКНАЛ СО ЧАСОВНИЦИ ВРЕДНИ 52.000 ЕВРАПремиерот Христијан Мицкоски со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков на увид на место каде што ќе има повеќенаменско игралиште. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Христијан Мицкоски во најновиот анкетен лист за имотната состојба пријавил часовници со вкупна вредност од 52.000 евра, за кои навел дека се набавени во март 2015 и јуни 2016 година, објави БИРН

    Сепак, премиерот нема наведено за колку часовници станува збор, ниту од која марка се. БИРН испратиле прашања за овие податоци до неговите соработници, но не добиле одговор.

    Според истражувањето на БИРН, овие часовници ги нема во анкетните листови на Мицкоски од 2016 и 2017 година, кога беше директор на ЕЛЕМ. 

    Анализирајќи ги објавените фотографии на Мицкоски, БИРН идентификуваше два од часовниците на премиерот. Станува збор за два модели од престижниот бренд „IWC шафхаузен“. 

    На едно од интервјуата во улога на мандатар, Мицкоски на раката носеше часовник што изгледа како црн „IWC биг пајлот“, кој може да се набави за цена од околу 13.500 евра.

    Пред две недели, пак, на средба со велешките пензионери, тогаш веќе како премиер, се појави со друг часовник, таканаречен „кронограф“, кој според познавачите, исто така, е од брендот „IWC шафхаузен“. Овој часовник, пак, се продава за 6.500 евра од официјалниот сајт на производителот.

    Во анкетниот лист нема информации како ги стекнал часовниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира