ШТИП Е ПОД ДИМНА ЗАВЕСА ОД ПОЖАРОТ НА СЕРТА, ИТНА СРЕДБА НА ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ

    ШТИП Е ПОД ДИМНА ЗАВЕСА ОД ПОЖАРОТ НА СЕРТА, ИТНА СРЕДБА НА ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБсмрдеата доаѓа од чадот на опожарените подрачја на планината Серта, иако таа е на одалеченост од 15-30 километри. (Фото: СДК.МК)

    Штипјани од 20  часот не можат да отворат прозорец затоа што од надвор се шири тешка и неподнослива миризба на чад кој го обвитка градот. Според информациите од Противпожарната единица во Штип, смрдеата доаѓа од чадот на опожарените подрачја на планината Серта, иако таа е на одалеченост од 15-30 километри.

    „Мислиме дека димната завеса над Штип е дојдена по течението на реката Брегалница која минува во Криволачкиот Регион на Серта, а е носена од попладневниот дожд во регионот“, велат штипските пожарникари.

    Општинскиот кризен штаб веднаш свика итна седница и според најавите од кабинетот на градоначалникот, во текот на ноќта ќе се разгледа која е причината и ќе се донесат мерки за надминување на состојбата.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира