КАМАЛА ХАРИС ОБЕЗБЕДИ ДОВОЛНО ПОДДРШКА ЗА ДА БИДЕ КАНДИДАТ НА ДЕМОКРАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

    КАМАЛА ХАРИС ОБЕЗБЕДИ ДОВОЛНО ПОДДРШКА ЗА ДА БИДЕ КАНДИДАТ НА ДЕМОКРАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИХарис ја почна кампањата веднаш по повлекувањето на Бајден (Фото: Гети)

    Камала Харис обезбедила доволно поддршка од демократските делегати за да биде кандидат на партијата на претседателските избори во ноември, објавија американските медиуми. Истражување на агенцијата АП спроведено синоќа покажа дека Харис има поддршка од повеќе од 1.976 делегати потребни за да добие номинација во првиот круг на гласањето.

    Делегациите од најмалку 27 сојузни држави соопштија дека целосно ја поддржуваат Харис. Таа изјави дека е горда што обезбедила широка поддршка и едвај чека формално да ја прифати номинацијата. Официјалното гласање на делегатите ќе се одржува од 1 до 7 август, по што следува Националната демократска конвенција.

    Од повлекувањето на Џо Бајден од изборната трка во неделата вечер, над 80 милиони долари биле донирани во кампањата на Харис, а бројни угледни членови на партијата побрзаа јавно да ѝ изразат поддршка, што вчера го направи и бившата спикерка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

    Имаме 106 дена до денот на изборите и дотогаш нѐ чека доста напорна работа. Нашата визија за земјата се разликува од онаа на Трамп. Ние се фокусираме на иднината, тие се фокусираат на минатото. Доналд Трамп сака да ја одведе земјата наназад“, изјави Харис на состанокот во седиштето на нејзината кампања во Делавер.

    Таа вети дека ќе работи напорно за да ја освои номинацијата за претседател и да ги обедини и Демократите и земјата во целост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира