РАПЕРОТ СНУП ДОГ ЌЕ БИДЕ МЕЃУ ПОСЛЕДНИТЕ НОСИТЕЛИ НА ОЛИМПИСКИОТ ФАКЕЛ ВО ПАРИЗ

    РАПЕРОТ СНУП ДОГ ЌЕ БИДЕ МЕЃУ ПОСЛЕДНИТЕ НОСИТЕЛИ НА ОЛИМПИСКИОТ ФАКЕЛ ВО ПАРИЗСнуп Дог од Игрите ќе се јавува и како ТВ-коментатор (Фото: Гети)

    Раперот Снуп Дог ќе биде меѓу последните носители на олимпискиот факел пред петочната церемонија на отворањето на Олимписките игри во Париз. Педесет и двегодишниот музичар, кој од Игрите ќе се јавува и како ТВ-коментатор, ќе трча со факелот по улиците на Сен Дени, каде што се наоѓа Олимпискиот стадион.

    На него ќе му се приклучат актерката Летиција Каста и францускиот рапер Ем-Си Солар. Сен Дени е претпоследната делница од патувањето на факелот, чија последна станица е Ајфеловата кула.

    Олимпискиот факел помина низ цела Франција откако тргна на својот пат во мај и досега го носеа бројни познати личности, како актерките Салма Хајек и Хали Бери, фудбалските тренери Арсен Венгер и Дидје Дешамп и Формула 1 возачот Шарл Леклерк.

    Првпат во историјата, церемонијата на отворањето нема да се одржи на стадион, туку на реката Сена, каде што ќе пловат 85 бродови со олимпијците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира