Стотина камионџии трет ден се заглавени на граничниот премин Евзони кон соседна Грција. Грчките земјоделци со околу 200 трактори од 30 јануари го блокираат патот кон Солун и не пропуштаат никакви возила. Границата може да се помине единствено пеш. Камионџиите револтирани што немаат никаква информација ги оставаат камионите и си заминуваат дома.
„Три дена чекаме и никој ништо не ни кажува. Требаше да носам мермер на солунското пристаниште но ништо од тоа. Ке си одам оти не се издржува да спијам и чекам овдеЕ, кажа Димитар Стефановски, превозник од Скопје.
Грчките земјоделци незадоволни од реформите на владата, ги блокираа сите пофрекфентни патишта во државата. Најавуваат дека блокадите ке продолжат и наредниве денови