НЕМА ДА ИМЕНУВАМ НОВ ПРЕМИЕР ДО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА, КАЖА МАКРОН

    НЕМА ДА ИМЕНУВАМ НОВ ПРЕМИЕР ДО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА, КАЖА МАКРОНЛевичарски политичари го обвинија Макрон дека се обидува да ги поништи резултатите од изборите (Фото: АФП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да именува нова влада пред Олимписките игри во Париз, кои почнуваат на 26 јули и траат до 11 август. Ова доаѓа откако левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП), која победи на изборите, ја предложи малку познатата Луси Кастет за кандидат за премиер.

    Формирањето нова влада пред средината на август би довело до неред“, изјави Макрон.

    Левичарски политичари го обвинија Макрон дека се обидува да ги поништи резултатите од парламентарните избори. Премиерот Габриел Атал поднесе оставка ден по изборите, но Макрон го замоли да остане на функцијата до именувањето на неговиот наследник.

    Според францускиот систем, претседателот назначува премиер кој е во можност да управува со мнозинството во Националното собрание, На последните избори никој не освои мнозинство, но НФП држи 182 од 577 места во парламентот и е во најдобра позиција да предложи кандидат за премиер, По неколку недели преговори, НФП ја избра Луси Кастет, 37-годишна економистка и јавна службеничка која работи во градската власт на Париз и не е членка на парламентот.

    Сега мора да се концентрираме на Олимписките игри. До средината на август не е добро да се менуваат работите“, кажа Макрон, додавајќи дека за премиер ќе именува личност која има најширока можна поддршка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира