Владимир Путин ги предупреди САД дека ако распоредат проектили со долг дострел во Германија, Русија ќе постави слични проектили со кои ќе може да се гаѓа западот. Вашингтон најави дека постепеното распоредување ќе почне во 2026 со цел да се демонстрира неговата посветеност кон НАТО и одбраната на Европа. Тоа ќе вклучува проектили „СМ-6“ и „томахавк“ и хиперсонични оружје кои сега се во фаза на развој.
Во својот говор во Санкт Петербург по повод денот на руската морнарица, Путин ја предупреди Америка дека со овој потег би можела да предизвика ракетна криза како од времето на Студената војна.
„Овие проектили би можеле да стигнат до нашата територија за десет минути и во иднина би можеле да бидат опремени и со нуклеарни глави. Ние ќе преземеме идентични мерки“, изјави Путин.
Руските и американските дипломати велат дека односите помеѓу двете земји се полоши дури и од оние во Кубанската ракетна криза. Путин ги обвини САД дека ги засилуваат тензиите и дека имаат префрлено проектили „тајфун“ во Данска и Филипини.