Од денеска, прво во Скопје, а наредните денови во десет градови низ земјата почнува Националната кампања за бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ и еластографија за хронични црнодробни заболувања. Кампањата ја организираат Министерството за здравство, „Хепар центар“ од Битола и Клиниката за гастроентерохепатологија.
Мобилната амбуланта за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб.
утринава беше на Плоштадот Македонија во Скопје, ќе продолжи и попладне, а од утре продоложува во поголемите градови по следната агенда:
29 јули Плоштад Македонија
– 17:30 – 19:30
30.07.2024 – Гостивар и Тетово
– Гостивар (Градски плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Тетово (Градски плоштад)
– 17:30 – 19:30
31.07.2024 – Штип и Струмица
– Штип (Градски Плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Струмица (Градски плоштад)
– 17:30 – 19:30
05.08.2024 – Струга и Охрид
– Струга (Градски Плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Охрид (Градски Плоштад)
– 17:30 – 19:30
06.08.2024 – Битола и Кавадарци
Битола (Градски плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Кавадарци (Градски Плоштад)
– 17:30 – 19:30
„Наш фокус е превенцијата и токму целта на оваа кампања е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб“, рече министерот за здравство Арбен Таравари.
Директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија д-р Мери Трајковска кажа дека секој ден во светот умираат по 3.400 луѓе од хронична инфекција со хепатит, а директорот на Инфективна клиника д-р Фадил Цана рече дека хепатитот е тивка епидемија и дека треба да се подигне свенсоста за рана превенција.
Б. НЕСТОРОСКА