Кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза за време на денешните бесплатни скрининг прегледи на црн дроб на Плоштадот Македонија во Скопје. Тие веднаш се упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастроентерохепатологија, соопшти Министерството за здравство.
Денеска почна Национална кампања за скрининг на црн дроб, а за два и пол часа во Скопје есе направени 150 прегледи со фиброскен.
Кампањата ја организираат Министерството за здравство, „Хепар центар“ од Битола и Клиниката за гастроентерохепатологија.
Мобилната амбуланта за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дро од утре продоложува во поголемите градови по следната агенда:
30.07.2024 – Гостивар и Тетово
– Гостивар (Градски плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Тетово (Градски плоштад)
– 17:30 – 19:30
31.07.2024 – Штип и Струмица
– Штип (Градски Плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Струмица (Градски плоштад)
– 17:30 – 19:30
05.08.2024 – Струга и Охрид
– Струга (Градски Плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Охрид (Градски Плоштад)
– 17:30 – 19:30
06.08.2024 – Битола и Кавадарци
Битола (Градски плоштад)
– 09:00 – 11:00
– Кавадарци (Градски Плоштад)
– 17:30 – 19:30
„Наш фокус е превенцијата и токму целта на оваа кампања е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб“, рече министерот за здравство Арбен Таравари.