ОПОЗИЦИЈАТА ТВРДИ ДЕКА ИМА ДОКАЗИ ДЕКА ПОБЕДИЛА НА ИЗБОРИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА И ГО ПОВИКА МАДУРО ДА ПРИЗНАЕ ПОРАЗ

    ОПОЗИЦИЈАТА ТВРДИ ДЕКА ИМА ДОКАЗИ ДЕКА ПОБЕДИЛА НА ИЗБОРИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА И ГО ПОВИКА МАДУРО ДА ПРИЗНАЕ ПОРАЗИлјадници луѓе излегоа на улиците,на Каракас и други градови за да протестираат против Мадуро (Фото: ЕПА)

    Безбедносните сили во Венецуела употребија гумени куршуми и солзавец против демонстрантите кои протестираа против спорните резултати од претседателските избори, на кои што Николас Мадуро беше прогласен за победник. Опозицијата го обвини Мадуро за измама и кажа дека нејзиниот кандидат Едуардо Гонсалес победил со 73,2% освоени гласови. И предизборните анкети кажуваа дека Гонсалес има голема предност во однос на Мадуро.

    Опозициските партии се обединија околу Гонсалес во обид да го симнат Мадуро од власт по 11 години. Гонсалес го повика Мадуро да ја прифати реалноста дека неговото заминување од власт е неизбежно и кажа дека имаат докази дека убедливо победиле на изборите.

    Ви зборувам со смиреноста на вистината. Во наши раце имаме изборни резултати кои ја покажуваат нашата категорична и математички неповратна победа. Мадуро мора да сфати дека е поразен“, кажа Гонсалес пред своите приврзаници во Каракас.

    Голем број полицајци и војници, опремени со водени топови, беа распоредени на улиците на Каракас во обид да се растераат демонстрантите и да се спречат да стигнат до претседателската палата. Илјадници луѓе излегоа на улиците,на Каракас и други градови, при што имаше насилни судири со безбедносните сили и паравојниците блиски на Мадуро.

    Бројни западни и јужноамерикански држави, како и Обединетите нации, ги повика венецуелските власти да ги објават изборните извештаи од одделните гласачки места. Националниот изборен совет, кој е лојален на Социјалистичката партија, официјално го прогласи Мадуро за победник, давајќи му нов шестгодишен мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира