СПАСЕНИ ЛИЦАТА КОИ БЕА ЗАГЛАВЕНИ ВО КУЌА ВО ПОЖАРОТ ВО СВЕТИНИКОЛСКО

    СПАСЕНИ ЛИЦАТА КОИ БЕА ЗАГЛАВЕНИ ВО КУЌА ВО ПОЖАРОТ ВО СВЕТИНИКОЛСКОЛицата се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач и направил дупка во огнот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Спасени се седумте лица кои вчера беа заглавени во куќа по пожарот во светиниколското село Строиманци. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), лицата се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач и направил дупка во огнот. Потоа, брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле животнозагрозените во оган заробени 7 лица.

    Вчера беа активни 15 пожари кои поради топлото време и силниот ветер тешко се гаснеа.  Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов најави дека преки ЕУ механизмот за заштита и спасување повторно се побарани авиони од странство.

    Од ЦУК вчера апелираа до сите сопственици на куќи и викендици во планински и напуштени села, да направат мек противпожарен појас околу имотите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира