ТРИ ЛИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА НАПАДИТЕ ВРЗ САД ВО 2001 ЌЕ ЈА ПРИЗНААТ ВИНАТА

    ТРИ ЛИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА НАПАДИТЕ ВРЗ САД ВО 2001 ЌЕ ЈА ПРИЗНААТ ВИНАТАРечиси 3.000 луѓе загинаа во Њујорк, Вирџинија и Пенсилванија во координираните напади (Фото: Гети)

    Тројца мажи обвинети за планирање на терористичките напади на САД од 11 септември 2001 ќе ја признаат вината, објави американското министерство за одбрана. Халид Шеик Мохамед, Валид Мухамад Салих Мубарак Бин Амаш и Мустафа Ахмед Адам ал-Хавсави со години се затворени во американската воена база во кубанскиот залив Гвантанамо без да им се суди.

    Деталите од спогодбата не се соопштени, но американските медиуми објавија дека тие ќе се изјаснат како виновни доколку обвинителството не бара смртна казна за нив. Тие се обвинети за серија кривични дела, како напад врз цивили, киднапирање и тероризам.

    Речиси 3.000 луѓе загинаа во Њујорк, Вирџинија и Пенсилванија во координираните напади, што доведе до инвазиите врз Ирак и Авганистан.

    Халид Шеик Мохамед се смета за архитектот на нападите, во кои киднаперите зазедоа патнички авиони и ги урнаа во Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон кај Вашингтон. Четвртиот авион падна во поле во Пенсилванија откако патниците дале отпор. Мохамед, инженер обучуван во САД, беше уапсен во Пакистан во 2003 заедно со Ал-Хавсави. Обвинителите сметаат дека токму Мохамед ја предложил идејата за киднапирање авиони и регрутирал и обучувал дел од киднаперите.

    Судењето се одложуваше толку долго делумно и поради стравувањата дека бруталните техники на испрашување би можеле да ги поткопаат доказите против уапсените. Во септември 2023, администрацијата на Џо Бајден наводно ги отфрлила условите од спогодбата со петмина мажи држени во Гвантанамо, вклучувајќи го Мохамед. Тие наводно барале гаранции дека нема да бидат затворени во самица и дека ќе им биде дозволен третман за траума.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира