БАКНУВАЊЕ ПО ШЕСТ СЕКУНДИ СЕКОЈ ДЕН Е РИТУАЛ ЗА СПАС НА ВРСКАТА, ВЕЛАТ ПСИХОЛОЗИТЕ

    БАКНУВАЊЕ ПО ШЕСТ СЕКУНДИ СЕКОЈ ДЕН Е РИТУАЛ ЗА СПАС НА ВРСКАТА, ВЕЛАТ ПСИХОЛОЗИТЕШест секунди намерна интимност се доволни за да се активира ослободувањето на хормонот окситоцин. (Фото: АП)

    Бакнежот од шест секунди, секојдневната вежба за интимност, создадена од терапевтите за парови и клинички психолози Џон и Џули Готман, е токму тоа – одземете неколку моменти од секој ден за да се поврзете физички со вашиот партнер. Шест секунди не се произволен број, изјави Џон Готман. Двојката се венчаше во 1987 и се соосновачи на Институтот Готман кој обучува терапевти за парови.

    По проучувањето на повеќе од 3.000 парови во текот на 30 години, Готманови откриле дека шест секунди намерна интимност се доволни за да се активира ослободувањето на окситоцин. Тоа е истиот хормон за кој нашироко се верува дека е одговорен за поврзување на бебето со неговата мајка. Готманови велат дека ја гради довербата во врската со смирување на центарот на страв во мозокот.

    Готман го наведе истражувањето на невроекономистот Пол Зак кое сугерира дека прегратката од 20 секунди го прави истото.

    „Тоа доаѓа секогаш кога цицачите се гушкаат еден со друг“, вели Готман, автор на „Седумте принципи за функционирање на бракот“ и други книги. „За прегратката од 20 секунди или бакнежот од шест секунди, тоа е навистина поинакво чувство. Се чувствуваш како да си дошол дома“.

    Џули Готман вели дека продолжениот бакнеж најдобро функционира за парови кои се посветени еден на друг и имаат изградено ниво на доверба. Паровите кои се во неволја и работат на проблеми со терапијата можеби не се подготвени за тоа.

    „Ние сигурно нема да ги дадеме тие информации на ранлива двојка пред да постигна значајни промени со терапијата“, рече таа. „Затоа што нема да се чувствуваат автентично ако има уште многу недоверба“.

    Паровите треба да одлучат да одвојат време од денот за да ѝ дадат приоритет на врската. Еден партнер би можел да рече дека верува оти вежбата може да ја продлабочи нивната врска, и зошто да не се проба?

    Тогаш е најдобро да се создаде ритуал. Одвојте го истиот момент секој ден, на пример пред сите ќе заминат на работа и училиште или непосредно пред спиење. Создавањето ритуал на поврзување за време на овие преодни моменти штити од „менаџерски однос, каде единственото нешто што парот го прави заедно е додавање на нивната многу долга листа на задачи“, рече Џон Готман. „Сакаме навистина да ја негуваме романсата“.

    Ритуалите, исто така, негуваат заедничко чувство за цел, рече Џули Готман. Само не заборавајте да го искусите, а не да стане нешто што треба да го направите. На паровите кои велат дека не можат да најдат време, таа отворено им вели:

    „Навистина немате шест секунди?“, ги прашува таа низ смеа. „Па не се шест часа. Зборуваме за шест секунди. Значи, кажете ми повеќе за што е тој блок. Дали нешто друго се случува?“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира