Руската влада прогласи федерална вонредна состојба во регионот Курск, каде што во вторникот упаднаа украинските сили и веќе четврти ден се водат тешки борби.
„Ситуацијата во Курск останува тешка. Досега се евакуирани околу 3.000 луѓе“, изјави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов.
Досега се објавени малку доверливи информации за изненадувачкиот украински напад, чија стратешка цел е непозната. Упадот се случи 500 километри југозападно од Москва.
Русија прогласува федерална вонредна состојба во ситуации кога има повеќе од 500 жртви или штетите надминуваат 500 милиони рубли (шест милиони долари).
Институтот за проучување војна денеска објави дека Украинците продолжуваат да напредуваат подлабоко во регионот Курск и дека стигнале 35 километри после границата. Руското министерство за одбрана кажа дека „продолжува да го одбива обидот за инвазија и се испраќаат засилувања во регионот“.
Украински дронови денеска го нападнаа регионот Липецк, оддалечен 350 километри од границата, а мета бил воен аеродром, каде што се сместени борбени авиони и над 700 моќни лизгачки бомби, изјави извор од украинската безбедносна служба.