Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои 69. место од 81 натпреварувач на маратонот на Олимпијадата во Париз. Со тоа, тој стана стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка.
Ивановски истрча послабо од својот личен рекорд, но за време на трката имаше проблеми со повреда. Во видеозјавата по трката што ја пренесе Македонскиот олимиски комитет (МОК), Ивановски рече дека по 5-от километар имал повреда на стапалото и коленото, но продолжил да трча и тоа е причината што истрча послабо од неговото најдобро време. Денеска на целта во Париз, тој пристигна со време од 2:28:15 часа.
Златниот медал го освои Етиопиецот Тамират Тола со време од 2:06:26, што е и нов олимписки рекорд.