НА МЕСТОТО НА РАЗРЕШЕНАТА АФРОНА ВЕРВИЗОЛИ КОЈА НЕМА ЛИЦЕНЦА, ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ АРБЕН РАМАДАНИ ЗА ГЛАВЕН РЕВИЗОР НА ИПА ФОНДОВИТЕ

    НА МЕСТОТО НА РАЗРЕШЕНАТА АФРОНА ВЕРВИЗОЛИ КОЈА НЕМА ЛИЦЕНЦА, ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ АРБЕН РАМАДАНИ ЗА ГЛАВЕН РЕВИЗОР НА ИПА ФОНДОВИТЕОд коалицијата Вреди, чиј кадар е Вервизоли, вчера кажаа дека таа е само привремено заменета со друг нивни кадар, додека не го добие потребниот сертификат. - Владина седница (Фото: Влада)

    Владата на денешната седница ја разреши Афрона Вервизоли од позицијата главен ревизор на ИПА фондовите и на нејзино место го именуваше Арбен Рамадани. Вервизоли е разрешена само 5 дена по нејзиното назначување, откако се дозна дека нема лиценца за ревизор и не ги исполнува условите за позицијата.

    Од коалицијата Вреди, чиј кадар е Вервизоли, вчера кажаа дека таа е само привремено заменета со друг нивни кадар, додека не го добие потребниот сертификат.

    „Aрбен Рамадани се именува за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа“, соопштија од Владата по денешната седница.

    Владата на 6 август ја назначи Вервизоли на ова место за кое треба да се исполнети многу строги услови. За нејзиното назначување реагираше и Делегацијата на ЕУ во Скопје, која најави дека ќе го преиспита ова назначување, бидејќи се однесуваа на контрола на користењето на проекти и активности финансирани од ЕУ во Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира