БАЈДЕН ВЕЛИ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКОЛ ПОРАДИ ВНАТРЕПАРТИСКИТЕ БОРБИ, ТВРДИ ДЕКА НЕМА ПРОБЛЕМИ СО ЗДРАВЈЕТО

    БАЈДЕН ВЕЛИ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКОЛ ПОРАДИ ВНАТРЕПАРТИСКИТЕ БОРБИ, ТВРДИ ДЕКА НЕМА ПРОБЛЕМИ СО ЗДРАВЈЕТОБајден смета дека ако продолжел со кампањата, претседателската трка ќе била неизвесна до самиот крај. (Фото: Си-Би-Ес/принтскрин)

    Американскиот претседател Џо Бајден вели дека откажал од реизбор бидејќи се плашел дека внатрепартиската битка околу неговата кандидатура ќе им нанесе штета на Демократите и дека негов највисок приоритет бил да се порази Доналд Трамп на изборите во ноември.

    Во неговото прво интервју откако се повлече од трката, 81-годишниот Бајден кажа дека нема сериозен здравствен проблем и дека причина за неговиот слаб настап на дебатата со Трамп била болест, а не годините.

    Американскиот претседател вети дека ќе учествува во кампањата на Камала Харис и дека ќе направи сè за да и помогне.

    „Мораме, мораме да го победиме Трамп. Извесен број од моите колеги Демократи во Претставничкиот дом и во Сенатот сметаа дека јас ќе им наштетам на изборите. И јас бев загрижен дека ако останам во трката, тоа ќе биде тема. Ќе ме интервјуиравте за ‘зошто Ненси Пелоси кажа, и зошто кажа така’, и тоа ќе беше одвлекување на вниманието“, рече Бајден.

    Тој смета дека ако продолжел со кампањата, претседателската трка ќе била неизвесна до самиот крај.

    Бајден ја повлече кандидатурата на 21 јули и ја поддржа потпретседателката Камала Харис да биде кандидат за претседател на Демократите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира