УКРАИНА И РУСИЈА МЕЃУСЕБНО СЕ ОБВИНУВААТ ЗА ПОЖАРОТ ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ

    УКРАИНА И РУСИЈА МЕЃУСЕБНО СЕ ОБВИНУВААТ ЗА ПОЖАРОТ ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕВластите велат дека горела една од кулите за ладење (Фото: кабинетот на Зеленски)

    Украина и Русија меѓусебно се обвинуваа откако избувна пожар во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа. Володимир Зеленски кажа дека руските сили го подметнале пожарот за да ја уценат Украина, додека прорускиот гувернер на Запорожје, Евгени Балицки, изјави дека причината е украинско гранатирање, додавајќи дека беше запалена една од кулите за ладење.

    Нема покачување на нивото на радијација околу централата“, рече Балицки, додавајќи дека пожарот до утрово бил целосно изгаснат.

    Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации објави дека густ црн чад излегува од постројката, но нема назнаки дека постои опасност од нуклеарна хаварија.

    Ова доаѓа откако Русија потврди дека украинските трупи напредувале 30-ина километри во рускиот регион Курск, шест дена откако изненадувачки ја преминаа границата. Зеленски вчера за првпат призна дека украинската војска спроведува офанзива во Курск, велејќи дека војната се префрла во Русија. Еден украински функционер кажа дека илјадници украински војници се вклучени во оваа операција. Русија досега не успеваше да го запре украинското напредување, кое доведе до евакуација на повеќе од 76.000 луѓе во Курск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира