ГРАД СКОПЈЕ ГО ПОВИКА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ДА ГИ ВРАЗУМИ СВОИТЕ СОВЕТНИЦИ И ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛОШИТЕ СОСТОЈБИ ВО ГРАДОТ

    ГРАД СКОПЈЕ ГО ПОВИКА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ДА ГИ ВРАЗУМИ СВОИТЕ СОВЕТНИЦИ И ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛОШИТЕ СОСТОЈБИ ВО ГРАДОТГрад Скопје го обвини Мицкоски и дека директно го попречува собирањето смет во градот (Фото: Ѓ. Личовски)

    Град Скопје го обвини Советот дека десет месеци намерно не ја гласа програмата за јавна чистота на „Комунална хигиена“, со што директно го попречува собирањето смет во градот. Оттаму велат дека стоте вработени во изминатите 20 години редовно го чистеле градот, освен оваа година.

    Единствениот губитник во оваа политичка игра на акумулирање моќ се граѓаните на Скопје. Целата операција на Христијан Мицкоски е покривање на изневерените политички и национални ветувања. Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, што ги креираше“, велат од Град Скопје.

    На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на Општината ќе се одржи координација со скопските градоначалници за актуелните состојби во главниот град. Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека Владата на наредната седница ќе распарава за хигиената во главниот град, и рече дека сега Скопје на чело со Данела Арсовска личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО. Затоа, рече тој, се размислува на Арсовска да ѝ се одземат дел од ингеренциите.

    Градската власт денеска го повика премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија.

    Апелираме до Мицкоски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси и навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија и да преземе одговорност за свесното блокирање на претпријатијата. Го охрабруваме Мицкоски да се обиде да преземе одговорност за членовите на управните и надзорните одбори во претпријатијата на Скопје, во кои што владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори, без исклучок, се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и тие се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите“, кажаа од Град Скопје

    Оттаму повикаа да се стави крај на политичкиот терор и Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град.

    Данела Арсовска дојде на градоначалничката функција како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2021. Тогаш Мицкоски велеше дека на Скопје му треба „менаџерка“ и дека таа ќе го направи Скопје модерен град.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира