ГЕРМАНИЈА ПОБАРАЛА ОД ПОЛСКА ДА УАПСИ УКРАИНСКИ НУРКАЧ ЗА САБОТАЖИТЕ НА ГАСОВОДИТЕ СЕВЕРЕН ТЕК, НО ЗАБОРАВИЛА ДА ГО НАВЕДЕ НЕГОВОТО ИМЕ

    ГЕРМАНИЈА ПОБАРАЛА ОД ПОЛСКА ДА УАПСИ УКРАИНСКИ НУРКАЧ ЗА САБОТАЖИТЕ НА ГАСОВОДИТЕ СЕВЕРЕН ТЕК, НО ЗАБОРАВИЛА ДА ГО НАВЕДЕ НЕГОВОТО ИМЕГасоводите беа оштетени во серија експлозии во септември 2022 (Фото: Ришау)

    Полска примила европски налог за апсење од Германија во врска со нападот врз гасоводите Северен тек во 2022, но осомничениот веќе заминал од Полска откако Берлин не го вклучил неговото име во базата на барани лица, кажаа полските обвинители.

    Гасоводите со кои се превезуваше рускиот гас под Балтичкото Море беа оштетени во серија експлозии, седум месеци откако Русија лансираше инвазија врз Украина.

    Германските истражители веруваат дека украински нуркач бил дел од тимот кој ги минирал гасоводите, објавија германските медиуми. Портпаролката на канцеларијата на јавниот обвинител на Полска потврди дека германските власти во јуни испратиле европски налог за апсење за украинскиот граѓанин Володимир З., во врска со постапката што се води против него во Германија.

    За жал, Володимир З. не бил уапсен зашто во почетокот на јули заминал од Полска во Украина. Ова беше можно зашто германските власти не го вклучиле во листата на барани лица, па полските гранични служби немале основа да го уапсат Володимир З.“, изјави портпаролката Ана Адамијак.

    Истрагата што ја водеше Германија идентификувала уште двајца осомничени за саботажите, маж и жена од Украина кои биле инструктори по нуркање, но за нив не бил издаден налог за апсење.

    Русија ги обвини САД, Велика Британија и Украина за експлозиите, за што истрага покренаа и Данска и Шведска, кои беа затворени во февруари беа да се наведат осомничени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира