Украина кажа дека го извела најголемиот напад со дронови од почетокот на војната, чија цел биле руски воени аеродроми. Претседателот Володимир Зеленски ја опиша акцијата како правовремена и прецизна.
Генералштабот на украинската војска објави дека во нападите биле погодени четири аеродроми во руските региони Курск, Воронеж и Нижни Новгород.
„Главните мети беа складишта со гориво и авионски оружја“, кажаа од генералштабот.
Извор од безбедносните служби на Украина изјави дека нападот имал за цел да ја поткопа можноста на Русија да ја напаѓа Украина со лизгачки бомби.
„Ви благодарам за правовремените, точни и ефективни напади врз руските аеродроми“, ѝ кажа Зеленски на војската.
Русија претходно кажа дека соборила 117 украински дронови над неколку руски региони
Нападот врз аеродромите доаѓа додека украинските трупи ја продолжуваат својата офанзива во рускиот регион Курск, што почна минатиот вторник. Зеленски вчера изјави дека украинските сили контролираат 74 населени места во регионот.