МАНАСТИРОТ ВО ПАРАЛОВО СЕ СПАСИ ОД ПОЖАРОТ, НО ОГНОТ ЗАФАТИЛ НЕКОЛКУ ОБЈЕКТИ

    МАНАСТИРОТ ВО ПАРАЛОВО СЕ СПАСИ ОД ПОЖАРОТ, НО ОГНОТ ЗАФАТИЛ НЕКОЛКУ ОБЈЕКТИОд пожарот е спасен манастирот „Св. Ѓорги“ каде е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев.  (Фото: И. Петковски)

    До рано утрово траеше битката за спас на селото и манастирот во Паралово Битолско. Лица вклучени во гаснењето кажуваат дека огнот зафатил и неколку објекти, но повредени нема. Од пожарот е спасен манастирот „Св. Ѓорги“ каде е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев.

    Во гаснењето учествуваа пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Битола, доброволнци доброволното противпожарно друштво „Архангел“ и локални жители.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира