РУСКА БАЛЕРИНА ДОБИ 12 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗАШТО ДОНИРАЛА 51 ДОЛАР ЗА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

    РУСКА БАЛЕРИНА ДОБИ 12 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗАШТО ДОНИРАЛА 51 ДОЛАР ЗА ПОМОШ ЗА УКРАИНАКсенија Карелина ја признала вината на судењето кое беше затворено за јавност

    Руската аматерска балерина Ксенија Карелина доби 12 години затвор зашто донирала 51 долар за хуманитарна организација која ја поддржува Украина. Карелина (33), која има и американско државјанство, е осудена за велепредавство откако минатата недела ја признала вината на судењето кое беше затворено за јавност.

    Таа е родена во Лос Анџелес, но станала американски државјанин во 2021. Била уапсена во јануари во Екатеринбург, кога била во посета на семејството. Обвинителите бараа 15 години затвор.

    Откако била уапсена, истражителите во нејзиниот телефон пронашле доказ дека уплатила 51,80 долари за хуманитарната организација „Разом“, која обезбедува помош за Украина од првиот ден на војната.

    Нејзиниот случај се водеше во истиот суд во Екатеринбург кој претходно го осуди американскиот новинар Еван Гершкович за шпионажа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира