ПОЧИНА СЦЕНАРИСТОТ СИНИША ПАВИЌ, АВТОР НА „ОТПИШАНИТЕ“, „ПОДОБАР ЖИВОТ“ И „ТЕСНА КОЖА“

    ПОЧИНА СЦЕНАРИСТОТ СИНИША ПАВИЌ, АВТОР НА „ОТПИШАНИТЕ“, „ПОДОБАР ЖИВОТ“ И „ТЕСНА КОЖА“Павиќ ги напиша сценаријата на најпопуларните југословенски ТВ-серии (Фото: Н1)

    Синиша Павиќ, најплодниот српски и југословенски сценарист, почина на 91 година во својот дом во Власотинце, објави „Н1“. Павиќ беше автор на сценаријата на најпопуларните југословенски телевизиски серии, почнувајќи од „Театар во домот“ (Pozorište u kući), која оригинално се емитуваше во 1972 и 1973 и потоа доби неколку продолженија.

    Павиќ ги создаде и „Отпишаните“, „Жежок ветер“ и „Подобар живот“, со која почна ерата на неговите вечерни серии со повеќе сезони, во чиј фокус е едно семејство. Таков концепт подоцна имаа и „Среќни луѓе“, „Семејно богатство“, „Доаѓаат долари“ и „Бела лаѓа“. Неговата последна серија беше „Јунаците на нашето време“, што се емитуваше од 2019 до 2021.

    Павиќ пишуваше филмски сценарија, меѓу кои се истакнува серијалот „Тесна кожа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира