Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео во кое вози „сајбертрак“ на „Тесла“ на кој е монтиран митралез. Тој вели дека ќе ги испрати возилото на фронт во Украина.
Во видео објавено на Телеграм, Кадиров ги фалеше електричното возило и шефот на „Тесла“, Илон Маск, кого го нарече „најсилниот гениј на модерното време“, при што го покани на гости во Чеченија.
„Ги очекуваме вашите идни производи кои ќе ни помогнат да ја довршиме нашата специјална воена операција“, вели Кадиров.
Тој го опиша возилото на Маск како „неранливо и брзо животно, способно за маневри и за совладување секакви пречки“.
„Убеден сум дека овој ѕвер ќе им биде од голема корист на нашите борци“, кажа Кадиров.