РУСИЈА ЈА ЗАБРАНИ ФОНДАЦИЈАТА НА ЏОРЏ И АМАЛ КЛУНИ

    РУСИЈА ЈА ЗАБРАНИ ФОНДАЦИЈАТА НА ЏОРЏ И АМАЛ КЛУНИОд канцеларијата на рускиот државен обвинител во соопштение велат дека работата на фондацијата ја дискредитира Русија. (Фото: ЦФЈ)

    Руските власти денеска ја прогласија за непожелна фондацијата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни и ѝ забранија да функционира во Русија.

    Фондација Клуни за правда (ЦФЈ) е основана во 2016 година од американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни, за да истражува прекршувања на човековите права. Според интернет страната на фондацијата, ЦФЈ активно истражува воени злосторства во Украина.

    Од канцеларијата на рускиот државен обвинител во соопштение велат дека работата на фондацијата ја дискредитира Русија.

    „Тие активно поддржуваат псевдопатриоти кои ја напуштија земјата, како и членови на забранети екстремистички асоцијации и терористички организации“, велат од руското обвинителство.

    Русија забрани десетици странски фондации, невладини организации и граѓански здруженија како „непожелни“ од 2015 година наваму, откако беше донесен закон со кој се овозможува гонење групи кои го критикуваат претседателот Владимир Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира