ГАЛЕРИЈАТА СО ИКОНИ ОСУМ ГОДИНИ Е ПРЕМЕСТЕНА ВО ДЕПОАТА, РЕЧЕ ЉУТКОВ И НАЈАВИ ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

    ГАЛЕРИЈАТА СО ИКОНИ ОСУМ ГОДИНИ Е ПРЕМЕСТЕНА ВО ДЕПОАТА, РЕЧЕ ЉУТКОВ И НАЈАВИ ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА„Има проблеми и за вработените. За три години 30 лица заминале во пензија, а е вработено само едно лице“, рече Љутков. (Фото: Министерство за култура)

    Музејот на Северна Македонија е во најзагрижувачка состојба од сите институции во културата и веднаш ќе почне реконструкцијата на кровот, за што се обезбедени пари, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

    Министерот кажа дека после земјотресот и дождовите во 2016, оштетен е кровот каде беше Галеријата на икони со збирка од непроценливо богатство, и оттогаш иконите се премести во депоата, каде, вели тој, исто така условите се несоодветни.

    Последната интервенција во Музејот, чија градба е завршена во 1976, е направена во 2010.

    „Има проблеми и за вработените. За три години 30 лица заминале во пензија, а е вработено само едно лице. Изработен е проект за целосна реконструкција и веќе сме во постапка за добивање на одобрение на градба, па ќе следи тендер за повеќегодишна јавна набавка“, кажа Љутков.

    В. д. директорот на Музејот, Борче Топуковски,  рече дека вредноста на збирките во Музејот е непроценлива, и оти се надеваат со почетокот на реконкструкциите на објектот„музејот ќе мрдне од мртва точка“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира