Со јавно-приватно партнерство ќе се градат монтажни катни гаражи на Клинички центар во Скопје, одлучи Владата. На денешната владина седница е донесена одлука за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
На тој начин, како што велат од Владата, ќе се реши сообраќајниот хаос кој владее во Клиничкиот центар.
Во моментов, со паркингот на Клиничкиот центар стопанисува скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ и секојдневно е хаос поради недостиг на паркинг места.
А. АНТЕВСКА