МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК СО АЛБАНСКИ ГЛАСОВИ И ПАК ЌЕ МУ ТРЕБААТ ДОГОДИНА, РЕЧЕ ТАРАВАРИ

    МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК СО АЛБАНСКИ ГЛАСОВИ И ПАК ЌЕ МУ ТРЕБААТ ДОГОДИНА, РЕЧЕ ТАРАВАРИ„Нивото на кое што комуницира господинот Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа“, рече Таравари. (Фото: К. Попов)

    Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека не му допаѓа нивото на кое комуницира неговиот коалиционен партнер во Владата, Максим Димитревски, и не сака да го дискутира. Таравари, кадар на коалицијата Вреди, вели дека Димитриевски станал градоначалник на Куманово со помош на албанските гласови и дека наредната година има локални избори и пак ќе му бидат потребни тие гласови.

    „Гледам дека господинот Димитриевски сака да поентира за да добива политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран како градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат. Нивото на кое што комуницира господинот Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа“, одговори Таравари на новинарско прашање за вчерашната изјава на Димитриевски, на денешната прес-конференција за ажурирањето на позитивната листа на лекови.

    Вчера, лидерот на ЗНАМ Димитриевски кажа дека Вреди не треба да го имитираат ДУИ и дека „ќе мора да направат корекција на самите себеси“, коментирајќи го патувањето на собранискиот спикер Африм Гаши на свадба во Косово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира