ПОВТОРНО ПОСТАВЕНА СПОМЕН-ПЛОЧАТА ЗА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ НА КАРПАЛАК КОЈА БЕШЕ СКРШЕНА НА 9 АВГУСТ

    ПОВТОРНО ПОСТАВЕНА СПОМЕН-ПЛОЧАТА ЗА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ НА КАРПАЛАК КОЈА БЕШЕ СКРШЕНА НА 9 АВГУСТОткако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за одбрана повторно ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово. Спомен-плочата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово.

    Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби.

    При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот.

    Од сите досегашни Влади се даваа само ветувања, но досега ништо конкретно не е преземено ниту направено.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира