Денот на украинската независност 24 Август денеска беше одбележан со свеченост и во Скопје. На настанот во паркот „Жена борец“, пред споменикот на Тарас Шевченко, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министрите Александар Николоски и Изет Меџити.
„Благодарение на сите Вас, денес не сме сами, туку го славиме нашиот празник заедно со пријателите. Нашата држава исто така денес не е оставена сама. Украина е опкружена и поддржана во борбата против рускиот агресор од десетици земји ширум светот. Меѓу нив е и Северна Македонија. Благодарни сме им на сите партнери на Украина, сите без исклучок, за помошта што ни овозможува да преживееме во ова тешко време“, кажа в.д. амбасадорот на Украина Дмитро Керечанин.
На 8 јули, зборувајќи на настан на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, премиерот Мицкоски изјави:
„Мојата држава е огромен донатор за Украина. Собранието гласаше за огромна поддршка за Украина. Ние сме меѓу топ 5 доставувачи на помош по глава на жител во светот“.