ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО ОДЛОЖИЈА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ ОТИ НЕ САКАЛА ДА ГИ ПРИМИ, НО И ПОНАТАМУ БАРААТ НЕЈЗИНА ОСТАВКА

    ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО ОДЛОЖИЈА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ ОТИ НЕ САКАЛА ДА ГИ ПРИМИ, НО И ПОНАТАМУ БАРААТ НЕЈЗИНА ОСТАВКАПензионерите од Штип, Кочани и Свети Николе кои на 21 август закажаа протест во Скопје на 3 септември пред зградата на Сојузот на пензионерите, денеска го откажаа (Фото:СДК.МК)

    Пензионерите од Штип, Кочани и Свети Николе кои на 21 август закажаа протест во Скопје на 3 септември пред зградата на Сојузот на пензионерите, денеска го откажаа, но најавија дека само се пролонгира и дека тие и натаму остануваат на своите барања, а основното е оставка од претседателката на Сојузот на пензионерите на Македонија, Станка Трајковска .

    „Од повеќе причини се одлучивме само за пролонгирање на протестот. Прво претседателката кажала дека не сака никаква средба со нас затоа што таа си останува на  своето мислење дека не е за линеарно, туку само за процентуално зголемување на пензиите од 5,3 проценти, а од друга страна дознаваме дека кај неа денеска влегле ревизори и инспектори да го проверуваат работењето на Сојузот“ вели претставникот на пензионерите од Свети Николе, Трајче Станојков и член на иницијативниот одбор за протест.

    Пензионерите од трите града на августовскиот собир во Штип изнесоа свои ставови дека бараат неотповиклива оставка од Трајковска која како прв човек на Сојузот воопшто не сакала да слушне за нивните барања за линеарно зголемување на пензиите од 5000 денари што новата Влада го прифатила, а кажаа и за и голем број неправилности во работењето на Сојузот и јавно побараа од сите државни институции да го проверат тоа.

    Пензионерите бараат и коренити промени на  пензискиот систем, да се провери како се трошеле пензионерски пари што тие ги издвојуваат во здруженијата и намалување на мандатите на претседателите од 4 на 2 години со ограничени мандати, затоа што во некои здруженија првите луѓе на чело биле со децении.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира