ЛЕТАЛОТО „БОИНГ СТАРЛАЈНЕР“ СЕ ВРАТИ НА ЗЕМЈАТА, НО БЕЗ АСТРОНАУТИТЕ КОИ ГИ ОДНЕСЕ ВО ВСЕЛЕНАТА

    ЛЕТАЛОТО „БОИНГ СТАРЛАЈНЕР“ СЕ ВРАТИ НА ЗЕМЈАТА, НО БЕЗ АСТРОНАУТИТЕ КОИ ГИ ОДНЕСЕ ВО ВСЕЛЕНАТАОва беше првиот лет на „Старлајнер“ со човечка посада, но проблеми се појавија набргу по полетувањето на 5 јуни (Фото: Боинг)

    Проблематичното вселенско летало „Старлајнер“ на „Боинг“ се врати на Земјата, но без астронаутите кои ги однесе на Меѓународната вселенска станица. Празното летало патуваше на автономен режим откако ја напушти станицата.

    Капсулата се соочи со технички проблеми откако беше лансирано заедно со астронаутите на НАСА, Буч Вилмор и Сани Вилијамс, поради што нивното враќање дома би било преризично. Тие затоа ќе мора да останат во вселената до следната година и треба да бидат вратени со ракетата „Кру драгон“ на „СпејсЕкс“ во февруари. Нивниот престој на тој начин ќе се одолжи од планираните осум дена на осум месеци.

    НАСА кажа дека двајцата астронаути се во добро расположение и редовно контактираат со своите семејства.

    Ова беше првиот лет на „Старлајнер“ со човечка посада, но проблеми се појавија набргу по полетувањето на 5 јуни. Во капсулата дојде до истекување на хелиумот и неколку погони не работеа правилно. Инженерите на НАСА долго време се обидуваа да ги разберат овие технички проблеми и на крајот на август беше одлучено дека не е доволно безбедно астронаутите да се вратат дома со „Старлајнер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира