Принцезата Кејт изјави дека завршила со хемотерапиите, во ново лично видео објавено од палатата Кенсингтон.
Таа во март откри дека има рак и дека веќе почнала со лекувањето, при што во најголем дел од годината не се појавуваше во јавност. Кралското семејство никогаш не откри за каков рак станува збор.
Кејт ќе има уште неколку јавни ангажмани оваа година, вклучувајќи го традиционалниот концерт со божиќни песни во декември.
„Оваа година беше неверојатно тешка. Животот што го знаете може да се промени во секунда“, вели Кејт во видеото.
Таа со новото видео испраќа позитивна порака за своето заздравување, но палатата Кенсингтон вели дека засега не е можно да се каже дали ракот целосно е излекуван.
„Борбата со ракот е сложена, страшна и непредвидлива. Се соочувате со сопствената ранливост и со нова перспектива за сите работи“, кажа Кејт, додавајќи дека продолжува со лекувањето.
Нејзините здравствени проблеми почнаа во јануари, кога беше примена во болница за операција на стомакот, за што исто така не беа објавени детали.