САД И БРИТАНИЈА ВЕТИЈА НОВА ПОМОШ ЗА УКРАИНА, НО ЗАСЕГА НЕ Ѝ ДОЗВОЛУВААТ ДА ЈА НАПАЃА РУСИЈА СО ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ

    САД И БРИТАНИЈА ВЕТИЈА НОВА ПОМОШ ЗА УКРАИНА, НО ЗАСЕГА НЕ Ѝ ДОЗВОЛУВААТ ДА ЈА НАПАЃА РУСИЈА СО ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛЗеленски вчера се сретна со министерите за надворешни работи на САД и Велика Британија, Ентони Блинкен и Дејвид Лами

    САД и Велика Британија ветија помош од 1,5 милијарди долари за Украина по посетата на министерите за надворешни работи Ентони Блинкен и Дејвид Лами, но не беше постигнат напредок по прашањето за напади врз руската територија со проектили со долг дострел. Блинкен и Лами кажаа дека разговарале за воените цели на Украина и како можат да помогнат.

    Покрај другите работи, разговаравме и за проектилите со долг дострел. Сега ќе го преселиме овој разговор во Вашингтон и ќе го известам претседателот за она што го слушнав“, изјави Блинкен.

    Володимир Зеленски долго време ги притиска западните сојузници да ѝ дозволат на Украина да ја напаѓа Русија со проектили со долг дострел, како американските „АТАЦМС“ и британските „сторм шедоу“, за што Владимир Путин кажа дека би го сметал за сериозна ескалација.

    Слушавме внимателно и разговаравме за разни теми, вклучувајќи и за воената опрема што ѝ треба на Украина за да победи“, кажа Лами по посетата, додавајќи дека разговорите би можеле да траат уште неколку недели.

    Зеленски ги опиша разговорите како долги и значајни и кажа дека високите гости ги слушнале сите украински аргументи.

    Во Вашингтон и Европа постои загриженост дека укинувањето на ограничувањата за проектилите со долг дострел би можело да ја приближи Русија кон директен конфликт со западот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира