„ВРЕДИ“ ЌЕ ИСТРАЖУВА ЗОШТО НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Е ПОСТАВЕНА ТРИЈАЗИЧНА ТАБЛА БЕЗ АЛБАНСКИ ЈАЗИК

    „ВРЕДИ“ ЌЕ ИСТРАЖУВА ЗОШТО НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Е ПОСТАВЕНА ТРИЈАЗИЧНА ТАБЛА БЕЗ АЛБАНСКИ ЈАЗИКТаблата со натпис на македонски, англиски и француски јазик е поставена вчера, но е симната вечерта набргу по поставувањето. (Фото: РТК)

    Владиниот коалиционен партнер „Вреди“ најави дека ќе истражува зошто синоќа на граничниот премин Блаце со Косово е поставена табла на која само на македонски, англиски и француски, но не и на албански јазик пишува „Добредојдовте во Република Северна Македнија“. Таблата е симната набргу по поставувањето и сега на граничниот премин стои само таблата на која пишува „Република Северна Македонија“ на македонски, албански и англиски јазик.

    „Прво, станува збор за табла која е нарачана од претходното раководство на Агенцијата за државни патишта. Второ, истата е веќе остранета и компанијата ‘Гранит’ е задолжена веднаш да изработи нова во согласност со одредбите на Законот за употреба на јазиците, која ќе биде поставена на истата локација. Трето, на иницијатива на заменик-директорот на Агенцијата за државни патишта, Назим Таипи, ќе се спроведе интерна истрага за конкретниот случај која треба да утврди дали се работи за технички пропуст или смислена провокација со политичка заднина со цел предизвикување меѓуетнички тензии, слична на неколку други претходно кои успешно ги пресретнуваме. Апелираме до јавноста со особена будност да проследува одредени медиумски информации во наредниот период, бидејќи како што ќе се обелоденуваат корупциските скандали на поранешни владини функционери, очекуваме да има се повеќе обиди за внесување раздор“, соопшти Коалицијата „Вреди“.

    Директор на Агенцијата за државни патишта е Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно, директор беше Ејуп Рустеми од ДУИ, кого Владата го разреши на 2 јули.

    На граничниот премин Блаце стоеја две табли, едната поголема на која до февруари 2019 на македонски, англиски и француски јазик пишуваше „Добредојдовте во Република Македонија“.  (Архивска фотографија)

    На граничниот премин Блаце стоеја две табли, едната поголема на која до февруари 2019 на македонски, англиски и француски јазик пишуваше „Добредојдовте во Република Македнија“. Во февруари 2019,  пред неа е поставена помала табла на која пишува „Република Северна Македонија“ на македонски, албански и англиски јазик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира