СЛОВЕНКАТА МАРТА КОС Е НОВАТА ЕВРОКОМЕСАРКА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ

    СЛОВЕНКАТА МАРТА КОС Е НОВАТА ЕВРОКОМЕСАРКА ЗА ПРОШИРУВАЊЕКос доаѓа на местото на Унгарецот Оливер Вархели

    Претседателката Урсула фон дер Лајен го претстави новиот состав на Европската комисија, во кој еврокомесарка за проширување ќе биде Словенката Марта Кос. Поранешната амбасадорка на Словенија во Германија и Швајцарија доаѓа на местото на Унгарецот Оливер Вархели.

    Кос во последен момент беше номинирана за словенечкиот претставник во Европската комисија откако Томаж Васел ја повлече својата кандидатура за да може Фон дер Лајен да постигне родова рамнотежа во рамките на Комисијата.

    Откако го замени Васел, Кос мораше да се брани од обвинувања дека соработувала со некогашната југословенска тајна служба, што таа го негираше.

    Естонката Каја Калас е потврдена како нова еврокомесарка за надворешна и безбедносна политика, додека некогашната бугарска министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ќе го води секторот стартапи, истражување и иновации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира