ЗАПОЧНАВМЕ НОВА ФАЗА ОД ВОЈНАТА, КАЖА ИЗРАЕЛ ПО ЕКСПЛОЗИИТЕ ВО ЛИБАН

    ЗАПОЧНАВМЕ НОВА ФАЗА ОД ВОЈНАТА, КАЖА ИЗРАЕЛ ПО ЕКСПЛОЗИИТЕ ВО ЛИБАНВо нападите во Либан вчера и денеска загинаа 26 луѓе (Фото: АП)

    Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека почнале нова фаза од војната, чиј фокус се сели кон север преку диверзии на непријателските сили и ресурси.

    Ќе ни треба доследност со тек на времето, оваа војна бара решителност, храброст и истрајност“, изјави Галант.

    Овие коментари би можеле да навестуваат дека Израел се насочува кон Хезболах и конфликтот на границата со Либан. Околу 60.000 Израелци беа раселени од северот на земјата поради воздушните напади на Хезболах. Израелската влада кажа дека нивното враќање е клучна цел.

    Воена акција ќе биде единствената опција ако дипломатијата не успее. Имаме планови за дополнителна акција против Хезболах и спремни сме нападнеме“, изјави Галант.

    Израел досега не ја презеде одговорноста за експлозиите што го погодија Либан вчера и денеска, чија мета беше комуникациската мрежа на пејџери и воки-токија на Хезболах. Во нападите што го шокираа светот, што наводно ги организирала израелската шпионска агенција Мосад, загинаа најмалку 26 луѓе, а повеќе од 3.000 се ранети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира