СРЕДНОШКОЛЦИ ОД 15 ЗЕМЈИ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО ПРОГРАМИРАЊЕ НА БАЛКАНСКАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА ВО ОХРИД

    СРЕДНОШКОЛЦИ ОД 15 ЗЕМЈИ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО ПРОГРАМИРАЊЕ НА БАЛКАНСКАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА ВО ОХРИДНа Олимпијадата ќе учествуваат осуммина средношколци од Макеоднија. (Фото: СДК.МК)

    Средношколци од 15 земји ќе учествуваат на 31. издание на Балканската олимпијада по информатика, која ќе се одржи во Охрид од 20 до 26 септември. Балканската Олимпијада по информатика е натпревар во програмирање за средношколци од Југоисточна Европа.

    Професор д-р Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари на Македонија, вели дека Балканската Олимпијада по информатика ќе ја поттикне соработката помеѓу балканските народи и е инспирација за млади таленти во областа на технологијата и иновациите.

    „БОИ 2024 е натпревар помеѓу новите генерации информатичари, но истовремено е и платформа во чии рамки младите умови се здружуваат, се запознаваат со различни култури, се дружат, се вмрежуваат и разменуваат искуства од сферата на информатиката и иновациите, инспирирајќи се меѓусебно и претставувајќи еден вид стимул едни за други. Со поттикнување на овој дух на соработка и конкуренција, ја негуваме следната генерација лидери во технологијата, што е од витално значење за континуираниот раст и развој на нашето општество. Чувствувам и лична сатисфакција кога гледам како Балканската иницијатива, која стои зад организацијата на БОИ, се подобрува секоја година откако јас претседавам со неа, а сѐ повеќе земји се заинтересирани да пристапат кон иницијативата. Во последните неколку години ни се придружија Словенија и Италија, а веќе три години интерес за приклучување покажува и Украина“, вели јованов.

    Како поддржувач и пријател на Балканската Олимпијада по информатика, компанијата „Сорсикс“ (Sorsix), една од водечките ИТ компании во Македонија, додели ваучери за платена пракса за осумтемина македонски учесници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира