ДОСЕГА НЕПОЗНАТО ДЕЛО ОД МОЦАРТ ОТКРИЕНО ВО БИБЛИОТЕКА ВО ЛАЈПЦИГ

    ДОСЕГА НЕПОЗНАТО ДЕЛО ОД МОЦАРТ ОТКРИЕНО ВО БИБЛИОТЕКА ВО ЛАЈПЦИГДелото на Моцарт потекнува од крајот на 1760-тите и се состои од седум минијатури за жичено трио (Фото: Алами)

    Досега непознато парче музика од Волфганф Амадеус Моцарт, веројатно напишано кога бил во рани тинејџерски години, е пронајдено во библиотека во Германија.

    Делото потекнува од крајот на 1760-тите и се состои од седум минијатури за жичено трио, што траат околу 12 минути, објави општинската библиотека во Лајпциг. Истражувачите го откриле делото во музичката библиотека на градот додека го составувале последното издание на каталогот „Кехел“, дефинитивната архива на музичките дела на Моцарт.

    Откриениот манускрипт не бил напишан од Моцарт лично, туку се верува дека е копија направена во 1780-тите.

    Делото првпат беше изведено од жичено трио на претставувањето на новиот каталог во Салцбург. Германската премиера ќе ја има во Операта во Лајпциг викендов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира