Владата на Сојузна Република Германија на македонското МВР му подари четири возила, соопшти Министерството.
Донацијата ја предаде амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер. Станува збор за донација од четири возила „Дачиа Дастер“, наменети за Одделот за гранични работи и миграција при МВР.
„Донацијата од четири возила во вредност од околу 60.000 евра, пред се е наменета за зајакнување и надополнување на техничките капацитети на граничната полиција, со цел нејзино полесно и поефикасно функционирање според современите професионални стандарди и полесно справување со прекуграничниот криминал“, рече министерот Нухиу.
Aмбасадорката Алтхаузер рече дека оваа година, ќе се спроведат вкупно седум обуки на граничната полиција во Германија и Македонија.