ТРОЈЦА ГЕРМАНЦИ ОБВИНЕТИ ДЕКА СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО УЦЕНАТ СЕМЕЈСТВОТО НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР

    ТРОЈЦА ГЕРМАНЦИ ОБВИНЕТИ ДЕКА СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО УЦЕНАТ СЕМЕЈСТВОТО НА МИХАЕЛ ШУМАХЕРОбвинетите упатиле неколку повици до семејството Шумахер, барајќи 15 милиони евра (Фото: ДПА)

    Германското обвинителство обвини тројца мажи за наводно уценување на семејството на Михаел Шумахер.

    Тој беше тешко повреден во скијачка несреќа кон крајот на 2013 и оттогаш не се појави во јавноста. Неговото семејство ја држи во тајност неговата состојба.

    Поранешен припадник на обезбедувањето на семејството наводно сакал да искористи приватни снимки за уценување, додека друг маж и неговиот син се обвинети за обид за уцена, објави канцеларијата на јавното обвинителство во западниот германски град Вупертал.

    Според обвинителите, тие упатиле неколку повици до семејството Шумахер, барајќи 15 милиони евра и се заканувале дека ќе објават чувствителни приватни податоци на интернет доколку не им се исплатат парите.

    Германската полиција започнала истрага откако добила дојава од швајцарските власти, по што било утврдено дека осомничените уценувачи оперирале од Вупертал.

    Ова не е првпат семејството Шумахер да биде предмет на обид за уцена. Во 2017, судот во јужна Германија осуди 25-годишен маж за обид за уцена на сопругата на Шумахер, Корина, за 900.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира