ВО СКОПЈЕ СЕ ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СПОРТ ВО СВЕТОТ, СЕ ИГРАШЕ ФУДБАЛ И СЕ ПРОМОВИРАА ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ

    ВО СКОПЈЕ СЕ ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СПОРТ ВО СВЕТОТ, СЕ ИГРАШЕ ФУДБАЛ И СЕ ПРОМОВИРАА ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИНа настанот во Градски парк настапија и младите категории на три фудбалски клуба (Фото: К. Попов)

    Првиот Ден на италијанскиот спорт во светот се одбележа денеска и во Градски парк во Скопје, а акцентот беше ставен на фудбалот, еден од најпопуларните спортови во оваа земја.

    Се играше фудбал, се претставуваа најуспешните италијански фудбалски клубови, а италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри делеше подароци.

    Беа изложени навивачки реквизити на Јувентус, Интер, Милан, Лацио, Наполи и Рома (Фото: К. Попов)

    Денот на италијанскиот спорт во светот е нов настан што го промовира Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, во соработка со италијанското Министерство за спорт и италијанскиот Национален олимписки комитет. Настанот во Скопје го организираше Амбасадата на Италија.

    Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри делеше подароци (Фото: К. Попов)

    По тој повод беше претставено новоформираното здружение на македонски фан клубови на италијанските фудбалски екипи „Навивачи Калчо Триколоре“, при што беа изложени дресови, знамиња, шалови и други навивачки реквизити на Јувентус, Интер, Милан, Лацио, Наполи и Рома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира