ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ, ВЛАДИМИР ТЕМКОВ, ЉУПЧО-БУБО КАРОВ И МАРКО КИТЕВСКИ СЕ ДОБИТНИЦИ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ, ВЛАДИМИР ТЕМКОВ, ЉУПЧО-БУБО КАРОВ И МАРКО КИТЕВСКИ СЕ ДОБИТНИЦИ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОАктерот и продуцент Јовица Михајловски е еден од добитниците на највисоката државна награда од областа на култура и науката; - Во улогата на Шајлок во „Венецијанскиот трговец“ на Драмскиот театар. (Фото: СДК.МК)

    Актерот и продуцент Јовица Михајловски, сликарот Владимир Темков, мултимедијалниот уметник и еден од авторите на ТВ-емисијата „К-15“,  Љупчо-Бубо Каров и фолклористот Марко Китевски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“, највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.

    Како што соопшти Министерството за култира, Каров, Темков и Михајловски се наградени за животно дело во областа на културата и уметноста, а проф-др Китевски, кој е истражувач на македонскиот фолклор за животно дело, во областа на науката.

    Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.

    Државната награда се врачува во Собранието на Македонија на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира