ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СТАНА ПРВАТА ГОЛЕМА ЕКОНОМИЈА КОЈА ЦЕЛОСНО СЕ ОТКАЖАЛА ОД ЈАГЛЕНОТ

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СТАНА ПРВАТА ГОЛЕМА ЕКОНОМИЈА КОЈА ЦЕЛОСНО СЕ ОТКАЖАЛА ОД ЈАГЛЕНОТВелика Британија беше родното место на електраните на јаглен (Фото: Гети)

    Велика Британија од денеска веќе не произведува електрична енергија со горење јаглен, ставајќи крај на 142-годишното потпирање на ова фосилно гориво. Последната електрана на јаглен во земјата вчера престана со операциите, откако работеше од 1967 година.

    Ова претставува значаен чекор во амбициите на земјата да го намали својот придонес кон климатските промени, бидејќи јагленот е највалканото фосилно гориво.

    Велика Британија беше родното место на електраните на јаглен, а сега стана првата голема економија која се откажа од него.

    „Ова е навистина важен ден, зашто Британија ја изгради сета своја сила врз јагленот“, изјави Лорд Дебен, најдолговечниот министер за животна средина.

    Првата електрана на јаглен во светот ја отворил Томас Едисон во 1882 година во Лондон, што донело осветлување на улиците на градот. Оттогаш, па низ првата половина од 20. век, јагленот ја обезбедувал речиси целата електрична енергија во земјата, како за домовите, така и за фабриките.

    Во 1990-тите, употребата на јагленот почна значително да се намалува, но тој остана клучна компонента на енергетскиот систем и во следните две децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира