ХИП-ХОП МОГУЛОТ ШОН ДИДИ КОМБС СЕ СООЧУВА СО НОВИ 120 ОБВИНУВАЊА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД

    ХИП-ХОП МОГУЛОТ ШОН ДИДИ КОМБС СЕ СООЧУВА СО НОВИ 120 ОБВИНУВАЊА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАДКомбс беше уапсен минатиот месец откако беше обвинет за бројни кривични дела (Фото: Гети)

    Повеќе од 100 луѓе планираат да го тужат хип-хоп могулот Шон Диди Комбс за сексуален напад, силување и сексуална експлоатација, изјави американскиот адвокат Тони Базби. Тој додаде дека некои од наводните жртви биле малолетници, кои биле злоставувани кога имале девет години.

    Ерика Волф, правната застапничка на Комбс, кажа дека тој категорично ги негира обвинувањата, велејќи дека се лажни и клеветнички.

    Јас и мојот тим ќе превртиме секој камен за да се најдат сите потенцијално одговорни страни во наводното злоставување или кој било поединец и субјект кој имал корист од ова страшно однесување“, изјави Базби.

    Комбс беше уапсен минатиот месец откако беше обвинет за бројни кривични дела, како трговија со луѓе, рекетирање и киднапирање, при што му беше одбиено барањето за кауција.

    Базби вели дека вкупната бројка жртви кои ги застапува е 120 и половина од нив се мажи. Тој откри дека 25 од жртвите биле малолетници, со што Комбс првпат се соочува со обвинувања за сексуално злоставување деца. Обвинувањата временски се протегаат од 1991 до оваа година, но Базби вели дека најголем дел од инцидентите се случиле по 2015.

    Најголем дел од тужителите велат дека биле силувани по забавите организирани од Комбс во приватни резиденции и хотели“, кажа Базби, додавајќи дека неговата адвокатска фирма разгледува уште 100 други случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира