Еден пожарникар од Скопската пожарна е пренесен на Клиниката за токсикологија, а во тек е евакуација на станарите од зграда во Чаир, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 01.50 часот гаснеле запален магацин на неутврдена површина на ул. Прохор Пчински во Скопје. Интервенцијата ја извршувале со 7 возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои ко гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад (Општина Чаир). Во тек e интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани. БППЗ на Град Скопје се уште интервенира ги извлекува станарите, во моментот на информирањево, и по интервенцијата ќе излезе со официјални податоци“, вели ЦУК.