ЕВРОПСКИОТ РЕГУЛАТОР ГИ ИСПИТУВА ЛЕКОВИТЕ ПРОТИВ ЌЕЛАВОСТ ПОРАДИ РИЗИК ОД САМОУБИСТВЕНИ МИСЛИ

    ЕВРОПСКИОТ РЕГУЛАТОР ГИ ИСПИТУВА ЛЕКОВИТЕ ПРОТИВ ЌЕЛАВОСТ ПОРАДИ РИЗИК ОД САМОУБИСТВЕНИ МИСЛИФинастерид, брендиран како „пропеција“, веќе доаѓа со предупредувања за ризикот од самоубиствени мисли.

    Европскиот регулатор за лекови денеска соопшти дека ги испитува лековите против опаѓање на косата, меѓу кои и „пропеција“ на „Органон“ и неговите генерички верзии, поради ризиците од самоубиствени мисли. Европската агенција за лекови соопшти дека по нејзината инспекција ќе препорача дали овластувањата за ставање во промет на лековите треба да бидат повлечени, суспендирани или останат низ целиот регион.

    Оралните лекови против ќелавост наречени „финастерид“ и „дутастерид“ имаат познат ризик од психијатриски несакани ефекти. Финастерид, брендиран како „пропеција“, веќе доаѓа со предупредувања за ризикот од самоубиствени мисли.

    Група за застапување на пациенти, Фондацијата за постфинастерид синдром, во 2017 поднесе петиција до Управата за храна и лекови на САД (ФДА) да ѝ наложи на компанијата „Мерк“ или да престане да го продава лекот или да додаде многу посилни предупредувања, цитирајќи неколку научни студии. Во 2022, Управата за храна и лекови на САД го одби барањето за отстранување на „пропеција“ од пазарот и наредида има предупредување за самоубиствени мисли и однесување на етикетата на лекот.

    Лековите против ќелавост се продаваат под бренд името „пропеција“ од „Органон“ и „аводарт“ на британскиот производител на лекови ГСК, но имаат и генерички верзии достапни на пазарот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира