ЛЕГЕНДАРНАТА ПЕЈАЧКА ДОЛИ ПАРТОН ПОДАРИ МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ПОМОШ ПО КАТАСТРОФАТА ОД УРАГАНОТ ХЕЛЕН

    ЛЕГЕНДАРНАТА ПЕЈАЧКА ДОЛИ ПАРТОН ПОДАРИ МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ПОМОШ ПО КАТАСТРОФАТА ОД УРАГАНОТ ХЕЛЕНПартон рече дека парите ќе дојдат „од мојата сопствена банкарска сметка“. (Фото: АП)

    Музичката икона Доли Партон објави дека лично ќе донира милион долари за обновата по катастрофата од ураганот Хелен. Говорејќи на настан во нејзината родна држава Тенеси, 78-годишната Партон рече дека парите ќе дојдат „од мојата сопствена банкарска сметка“.

    Локалните комерцијални бизниси на Партон – меѓу кои и забавниот парк Доливуд – исто така ќе донираат иста сума на фондацијата „Маунтин вејс“, која им помага на погодените од поплавите во регионот.За време на изјава, Партон почна да пее „Хелен, Хелен“ на мелодијата на нејзиниот хит „Џолин“ од 1973.

    Најмалку 225 луѓе загинаа во ураганот Хелен, кој го покоси југоисточниот дел на САД кон крајот на септември. Хелен е најсмртоносната бура на копното од Катрина во 2005 година. Удирајќи на копното како ураган од четврта категорија, Хелен оштети објекти и патишта, предизвика поплави, а без струја останаа милиони домови. Над половина милион имоти уште се без струја.

    Американската влада рече дека расчистувањето може да трае со години.

    Голем дел од смртните случаи од ураганот се во Северна Каролина, но загнати има и во Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Тенеси и Вирџинија.

    „Ова е мојот дом. Господ беше добар со мене, а исто така и јавноста, и чувствувам дека ако има нешто што можам да направам за да возвратам на кој било начин, секогаш сум подготвена да го направам тоа. Сакам да се чувствувам како да го правам својот дел“, рече вчера Партон на прес-конференцијата, која се одржа пред продавницата на „Волмарт“ во Њупорт, Тенеси.

    Објаснувајќи дека многу нејзини роднини живееле во областа, пејачката рече: „Ми се скрши срцето како и на сите други, бев шокирана и уништена од катастрофата. Сите овие луѓе ги чувствувама како мои луѓе“.

    Според последниот официјален извештај, досега е потврдено дека загинале 11 лица во Тенеси поради невремето, а повеќемина се уште се водат за исчезнати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира