ШЕФОТ НА ИРАНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ КУДС Е ИСЧЕЗНАТ ОД НАПАДИТЕ ВРЗ БЕЈРУТ МИНАТАТА НЕДЕЛА

    ШЕФОТ НА ИРАНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ КУДС Е ИСЧЕЗНАТ ОД НАПАДИТЕ ВРЗ БЕЈРУТ МИНАТАТА НЕДЕЛАЕсмаил Кани бил во јужното предградие на Бејрут за време на напад чија мета бил веројатниот иден лидер на Хезболах (Фото: АФП)

    Заповедникот на иранските сили за специјални операции Кудс, Есмаил Кани, кој патувал во Либан по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, се води како исчезнат од нападите врз Бејрут минатата недела, изјавија двајца ирански функционери. Еден извор кажа дека Кани бил во јужното предградие на Бејрут, Дахиех, за време на напад чија мета бил веројатниот иден лидер на Хезболах, Хашем Сафиедин. Од Хезболах кажаа дека судбината на Сафиедин и натаму не е позната и ќе се огласат откако ќе заврши потрагата, која е оневозможена од постојаните израелски напади.

    Ирански функционери кажаа дека Иран и Хезболах не можат да стапат во контакт со Кани, кој беше назначен за шеф на Кудс по убиството на неговиот претходник Касем Солејмани во Багдад во 2020. Кудс е служба за меѓународно воено разузнавање на Иранската револуционерна гарда.

    Израел вели дека исто така нема прецизни информации дали Кани и Сафиедин се мртви.

    Кани (67) беше заменик-заповедник на Кудс од 1997 и имаше важна улога во управувањето со паравоените сојузници на Иран на Блиски Исток и пошироко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира